Antonio Forcione е италијански гитарист, композитор и изведувач. Според многумина, не само од публиката туку и од колегите гитаристи тој е „веројатно најдобриот свирач на акустична гитара во светот“, заедно на врвот со Tommy Emmanuel!
Forcione првично студирал перкусии, пред да се префрли на гитара. Затоа неговото свирење покажува силни и сложени ритми, како и значителна употреба на телото на гитарата за ударен ефект. Неговата музичка имагинација не води од џипси џез нотите, до латино американските ритми и музиката од двата полуострови, Апенинскиот и Балканскиот.
Неговите живи настапи се вистински звучен спектакл после кои
публиката останува фасцинирана како од неговата волшебна техника така и од имагитивноста на композициите .
Antonio Forcione има издадено 21 албум од првенствено оригинален материјал и има настапувано на фестивали и театри ширум светот. Често ја споделува сцената со големи музичари како што се Charlie Haden, Angelique Kidjo, Trilok Gurtu, Sarah Jane Morris и многу други. Во 2019 година, неговото ‘’АКА Trio’’ заедно со Seckou Keita и Adriano Adewale за албумот ‘’Joy’’ е добитник на годишната ‘’OWMR’’ награда за најдобар ’’world music’’ албум на годината.
Во Скопје Antonio Forcione настапува на 24 мај 2025 година во големата сала на Македонската филхармонија со својот квартет. Ќе можеме заедно со него да ги чуеме и реномираните музичари: Jenny Adejayan (виолончело), Matheus Nova (бас) и Jansen Santana (перкусии). Сите тие имаат безброј настапи по светските музички сцени заедно со големи музички имиња како Courtney Pine, Doudou Cissoko, Elza Soares и многу други.